Согласно одлука на ректорска управа на УКИМ, https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Odluka_ednoroditelski.pdf

се повикуваат заинтересираните студенти да се пријават на интерен оглас.

Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2023/2024 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има: 

  • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;  
  • починат родител, или 
  • родител кој го загубил родителското право. 

Апликантите, најдоцна до 20.10.2023 година, на електронска адреса aplikacijaEdenRoditel2023@finki.ukim.mk  треба да достават пријава во која ќе наведат: 

- за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии 

- за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити 

 

Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи: 

- потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата, 

- за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи, 

- за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија 

- пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход 

- за родител на кој му е одземено родителското право - решение од надлежен суд и/или 

- за починат родител - извод од матичната книга на умрените. 

 

Доколку е потребно, можно е да биде побарано документите дополнително и физички да се достават во архивата на ФИНКИ.