Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2024/2025 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
- само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
- починат родител, или
- родител кој го загубил родителското право.
- за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии
- за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити
Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи:
- потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
- за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
- за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија
- пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход
- за родител на кој му е одземено родителското право - решение од надлежен суд и/или
- за починат родител - извод од матичната книга на умрените.
Доколку е потребно, можно е да биде побарано документите дополнително и физички да се достават во архивата на ФИНКИ.