Влатко Спасев е роден во 1997 година во Свети Николе. Основното училиште во ООУ,,Кирил и Методиј” а средното во СОУ,,Кочо Рацин” во Свети Николе ги завршил како првенец на генерацијата. Во текот на школувањето, учествувал на повеќе регионални и државни натпревари во различни области и има освоено повеќе награди и признанија.
На Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство се запишал во 2015 година на насоката Компјутерски науки и инженерство. Во текот на студирањето има добиено признание како еден од најдобрите студенти на ФИНКИ. Дипломирал во 2019 година со просечна оценка 9,53 со дипломска тема ,,Систем за управување со камери за мониторирање на рути”. Во учебната 2019/2020 се запишува на постдипломски студии на ФИНКИ, насока Софтверско инженерство. Во март 2018 е избран за лаборант на ФИНКИ и изведувал лабораториски вежби по предметите Структурно и Објектно ориентирано програмирање, Микропроцесорски системи, Основи на веб дизајн. Во ноември 2019 година е избран за демонстратор и изведува аудиториски и лабораториски вежби по предметите Интернет програмирање, Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси, Основи на веб дизајн, Објектно ориентирано програмирање, Вовед во когнитивни науки. Полиња на негов научно-истражувачки интерес се роботика, софтверско инженерство, управување и контрола на безпилотни летала, вградливи и сензорски системи.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК