Роден е 1984 година во Скопје. Основно училиште завршил во „Ѓорѓија Пулевски“, а средно училиште во „Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје. Дипломирал на Природно-математички факултет на Институт за Информатика во Скопје на 27.01.2007, со дипломска работа на тема „Виртуелни приватни мрежи и нивна имплементација во хетерогена средина“ под менторство на проф. Д-р Марјан Гушев. Магистрирал на Природно-математички факултет на Институт за Информатика во Скопје на 14.10.2010, со магистерска работа на тема „Статистчко машинско преведување на македонскиот јазик“ под менторство на проф. Д-р Катерина Здравкова.Во текот на средношколското образование учествувал во голем број на натпревари по информатика, притоа освојувајќи повеќе награди, меѓу кои и прво место на регионалниот натпревар по информатика 2002 година, трето место на националниот натпревар по информатика 2001 година и Бронзен медал на 6-тата Македонска олимпијада по информатика 2002 година.За време на студиите добил признанија и пофалби за натпросечно остварување на студиските години, а во последните години работел и како демонстратор на Институтот за Информатика и програмер во компанијата CableTel во Скопје. Во 2006 година работи како надворешен стручен соработник на Њујорк Универзитетот во Скопје по предметите администрација на системи, вовед во програмирање и компјутерски мрежи. Во меѓувреме, се стекнува со сите четири инструкторски сертификати од Cisco Certified Network Associate програмата, и работи како Cisco инструктор на Институтот за Информатика. Од 2006-та година волонтира во македонското јазично издание на енциклопедијата Википедија, а од 2009-та година учествува во меѓународнитe проектi SEEGRID-SCI, EGI и HP-SEE. Од 2009-та година работи на Институтот за Информатика при Природно-математички факултет како стручен соработник. Вклучувајќи го претходниот демонстраторски ангажман, изведувал вежби по предметите системски софтвер, безжични мрежи, интелигентни системи, паралелно и дистрибуирано процесирање, оперативни системи, микропроцесори и микрокомпјутери и проектирање на компјутерски мрежи.