Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со  Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство организираат натпревар за изработка на мобилна апликација за веб страната www.mladi.ams.mk .

Наградниот Фонд за најдобрата апликација изнесува 500 евра во денарска противвредност, и право на учество имаат тимови со максимум 3 членови - сите студенти на еден од државните или приватните универзитети во Р. Македонија.

Тимовите ќе имаат за задача да подготват мобилна апликација која ќе ги прикажува содржините кои се наоѓаат на сајтот www.mladi.ams.mk и која ќе работи минимум на Андроид платформа.

Критериуми за учество:

  • Тимови од максимум 3 студенти на возраст од 18 до 25 години.
  • Сите членови на тимот мора да се студенти на еден од државните или приватните Универзитети во Р. Македонија.

Пријавете го Вашиот тим најдоцна до 19 декември 2016 година до 16.00 часот на следниов линк.

Коалиција СЕГА во соработка со АМС и ФИНКИ ќе организираат претставување на на натпреварот во Амфитеатарот на ФИНКИ на ден 21.12.2016 година за сите пријавени тимови. На презентацијата тимовите за учество на натпреварот ќе добијат повеќе информации за барањата, критериумите и условите за учество, како и за основните функционалности на постоечкиот сајт  mladi.ams.mk.

Организаторот ќе ги обезбеди потребните сервиси од кои мобилната апликација ќе ги вчитува информациите.

Апликациите на учесниците на натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на ФИНКИ,  еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.

Критериумите за евалуацијата се:

  • Функционалност на апликацијата - да интегрира што повеќе функции што веќе постојат на www.mladi.ams.mk
  • Да работи минимум на Андроид платформа
  • Да биде лесно екстензибилна
  • Добар визуелен изглед на мобилната апликација
  • Перформанси на апликацијата

Презентацијата на сите апликации и прогласувањето на најдобрата ќе се одржи во Амфитеатарот на ФИНКИ во текот на месец февруари 2017 година, со дополнително известување за точниот термин.

Сите прашања поврзани со натпреварот може да ги поставите на следнава e-mail адреса: infosega@infosega.org.mk или marice@infosega.org.mk .

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни, и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество. 

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

 

1