
Тие ја претставија компанијата и презентираа примери од проекти од различни индустрии, технологии и области како што се: наука за податоци, машинско учење, медиуми и телекомуникации, здравство, автомобилска индустрија и мобилност, како и модерно банкарство.
Дополнително, тие споделија значајни информации за начинот на кој нивните тимови се справуваат со реални предизвици, како и за можностите за кариера во HTEC – од почетни до напредни позиции и програми за пракса.
Инспиративната сесија што се одржа во лабораторијата брендирана со името на компанијата, проследена со длабоки и сеопфатни дискусии, беше исклучително мотивирачка и значајна за студентите и младите инженери. Тие покажаа извонредна љубопитност и искрена желба за проширување на знаењето и неговата практична примена.
Среќни и благодарни сме што компанијата HTEC е еден од партнерите на ФИНКИ. Се надеваме на плодна и успешна соработка и понатаму, како и на уште многу можности за усовршување и надградба на нашите студенти, младите инженери и Факултетот како целина.
