Ненад Анчев е роден 1990 година во Штип. Основно образование завршува во ОУ Гоце Делчев како првенец на генерацијата. Средното образование го завршува во Гимназија Славчо Стојменски, со бројни учества и награди на натпревари по информатика, математика и физика, меѓу кои и учество на меѓународната олимпијада по информатика во Египет во 2008 година. Дипломира на ФИНКИ во 2013 на насока компјутерски архитектури и мрежи со просек 9,72 на тема „Анализа на техники за оптимизација и паралелизација на алгоритам за множење на матрици“. Во учебната 2012/13 година помага при изведување на лабораториските вежби на ФИНКИ по предметите концепти за развој на софтвер и архитектура на компјутери. Дел од магистерските студии ги следи на универзитетот RWTH Aachen во Германија на програмата за симулациски науки, како стипендист на DAAD. Таму во 2014 и 2015 работи како помлад истражувачки асистент на Julich Aachen Research Alliance во одделот за пресметување со високи перформанси. Во периодот од 2016-2018 работи во Сорсикс во тимот за податочни науки и анализа на податоци. Од 2019 е ангажиран на ФИНКИ како демонстратор за изведување на аудиториски и лабораториски вежби по неколку предмети. Магистерската теза ја работи на тема „Адаптивни модели за симулација на аерозагадување“. Ненад покажува особен интерес во областите на пресметување со високи перформанси, алгоритми, моделирање и симулации, како и областа на податочни науки.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК