
Ве покануваме на уникатна презентација која ќе ви го открие идниот пат на автоматизацијата и роботизацијата во индустријата!
На 11 март 2025 год. (вторник), во 18 часот, во Големиот амфитеатар А1 на Факултетот за информатички и компјутерски науки (ФИНКИ), Бојан Андоновски, основач на Лекса Роботикс и инженер за роботика со над 20 години меѓународно искуство, ќе ја презентира темата "Роботизација во индустријата".
Бојан има богато искуство во истражување и развој во најпрестижните универзитети и институти за роботика и компјутерска визија ширум светот, како што се NTU во Сингапур, CAS во Сиднеј и TU Dresden во Германија. Неговата експертиза во перцепција, откривање објекти и избегнување пречки со користење на напредни техники за машинско учење, како и иновации во роботиката, го прави еден од водечките експерти во оваа област.
Не пропуштајте ја оваа можност да се запознаете со иднината на автоматизацијата и да дознаете како автономните мобилни роботи ги менуваат индустриите!