Предводени од потребите на дигиталниот свет, ФИНКИ започнува со програми за стручно и професионално усовршување на дигиталните вештини кај ентузијасти со цел помагање на развојот на области се во постојан подем како: медицина, производство, инженерство, земјоделие, трговија, наука, едукација, спорт, итн.
Кадарот на ФИНКИ своето искуство и квалитет ќе го насочи кон квалификација, доквалификација и преквалификација на потенцијални учесници со желба за стекнување на основни компјутерски вештини, стручно или професионално усовршување.
Новите програми на ФИНКИ се поделени во три категории:
ОБУКИ ЗА КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ - наменети за почетници кои сакаат да ја зголемат својата продуктивност и да научат како да работат со компјутер;
ОБУКИ ЗА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ - наменети за луѓе кои сакаат да се стекнат со компјутерски вештини и да започнат кариера во IT секторот;
ОБУКИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ - кратки обуки наменети за ИТ професионалци и студенти.
Обуките за основни и напредни компјутерски вештини се одвиваат во времетраење од 3-4 месеци практична настава и полагање за сертификат.
На обуките може да се пријават сите заинтерисирани кандидати. Дополнително, младите учесници на возраст од 18-29 години, ќе бидат стимулирани со можност за искористување на ваучер доделен од страна на МОН.
Пријавувањето за некоја од обуките на ФИНКИ ќе се одвива електронски до 1 август 2020 год., по што ФИНКИ ќе ве контактира на вашата e-mail адреса и навремено ќе ве информира за сите новости, информации и термини за почеток за обуките.
Повеќе информации за обуките може да погледнете на obuki.finki.ukim.mk.