Објавени се прелиминарни ранг листи за првиот уписен рок за академската 2021/2022 година.
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши од 06.09.2021 од 15:00 часот до 07.09.2021 до 15:00 часот.
Приговорите се доставуваат на електронската пошта upisi-finki@ukim.edu.mk со наслов на пораката: PRIGOVOR[ID] каде што ID претставува бројот на пријавата за која се однесува приговорот.
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање)
имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми.
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат на електронската пошта upisi-finki@ukim.edu.mk најдоцна до 07.09.2021 до 15:00. Во насловот на пораката треба да стои IZJAVA[ID] каде што ID претставува бројот на пријавата за која се однесува изјавата.