
Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на девет (9) извршители, и тоа:
1.1. Три извршители на определено време во траење од 2 години во Дирекцијата за апликации, од кои:
- 2 извршители на работното место „помлад програмер почетен II степен“ во Отсекот за програмирање и
- 1 извршител на работното место „помлад продуктен инженер почетен II степен“ во Отсекот за раководење со готови софтверски продукти.
1.2. Четири извршители на определено време во траење од 2 години во Дирекцијата за ИТ инфраструктура, од кои:
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за ИТ инфраструктура;
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер почетен II степен“ во Отсекот за ИТ инфраструктура;
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за ИТ услуги и
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи.
1.3. Еден извршител на определено време во траење од 2 години на работното место „помлад систем инженер почетен II степен“ во Отсекот за надзор и ИТ безбедност во Секторот за информациска технологија.
1.4. Еден извршител на определено време во траење од 1 година на работното место „статистичар за ИТ поддршка“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика.
Повеќе детали на следниот линк.