Врз основа на Одлуката од Деканатската управа донесена на 25.09.2017 година за потреба од лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти), деканот на Факултетот распишува интерен оглас за избор на лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти) во 2017 година.
 
На огласот може да се пријават актуелни студенти кои имаат положено повеќе од 120 кредити или завршени студенти, сите со просек над 8,5. Кандидатите треба да бидат на располагање на Факултетот во било кое време во зависност од распоредот на часови (по можност невработени). Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV) и список на положени предмети и оценки.
 
Се повикуваат заинтересираните кандидати да се пријават на огласот. Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса arhiva@finki.ukim.mk со тема [lab] Prijava na konkurs, најдоцна до четврток, 05.10.2017 година до 10:00 часот.
 
Факултетот го задржува правото да ангажира дел од пријавените лица согласно потребите за одржување на лабораториските вежби.
 
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје