Microsoft Dynamics 365 е екосистем од апликации кои што покриваат ERP (Финансии, Supply Chain, Retail…), CRM, и други функционалности. 42 Дајнамикс ДОО Скопје е консултантска компанија со специјализирано знаење и искуство која што им помага на партнерите и крајните клиенти да ги имплементираат ERP функционалностите од Microsoft Dynamics 365.
Типични обврски на девелопер во нашата компанија во рамките на ERP деловите од Microsoft Dynamics 365 екосистемот се: програмирање по зададен функционален дизајн, техничка анализа на барања, работа со податоци (експорт, импорт, миграција), поправка на софтверски дефекти и сл.

42 Дајнамикс ДОО Скопје објавува оглас за практиканти за позиција:

Microsoft Dynamics 365 Finance & Operations (AX) Developer Intern

Праксата ќе биде платена и во траење од 6 месеци со почеток на 01.05.2022, по следната програма:

  • 2+ месеци техничка и функционална обука за Microsoft Dynamics 365 Finance & Operations девелопер
  • Полагање на два Microsoft испити:
    • Exam MB-300: Microsoft Dynamics 365: Core Finance and Operations
    • Exam MB-500: Microsoft Dynamics 365: Finance and Operations Apps Developer
    • По успешното положување на овие два испити, кандидатот добива сертификат: Microsoft Certified: Dynamics 365: Finance and Operations Apps Developer Associate
  • 3+ месеци практична работа како Microsoft Dynamics 365 Finance & Operations девелопер

Што бараме

  • Основи познавања од OOP концепти
  • Основи познавања на релациони бази на податоци
  • Завршено соодветно високо образование или при крај на студии
  • Без или со работно искуство (во ИТ, не повеќе од 2 години)

Што нудиме

  • Едукација за Microsoft Dynamics 365 Finance & Operations девелопер
  • Менторирана практична работа
  • Платена едукација и пракса
  • За најдобрите нудиме директно вработување по успешно завршување на обуката и праксата

Како да аплицирате

Заинтересираните ги молиме да испратат CV и кус опис зошто се заинтересирани за едукација и пракса за Microsoft Dynamics 365 Finance & Operations девелопер во Ворд формат на:
contact@42Dynamics.com.

Одбраните кандидати ќе бидат поканети на онлајн интервју.

https://42dynamics.com/42Dynamics_Interns_03.2022.pdf

1