МКхост објавува отворен конкурс за пракса со можност за вработување, за повеќе позиции.
Секој активен студент или дипломиран може да аплицира за соодветната позиција.
Кои позиции се отворени за аплицирање?
- Систем администратор
https://www.mkhost.com.mk/career/support - PHP Developer
https://www.mkhost.com.mk/career/phpdev - Агент за поддршка и продажба
https://www.mkhost.com.mk/career/sales - Маркетинг менаџер
https://www.mkhost.com.mk/career/marketing
Повеќе детали и информации околу секоја од позициите може да се најдат на соодветниот линк.
Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?
Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување.
Дополнителни информации
Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:30-16:30. Праксата е во времетраење од 2 месеци, за што практикантот добива месечен надомест од 6000 денари.
Изборот на почетен датум за пракса е флексибилен и по договор помеѓу МКхост и практикантот. По завршување на периодот за пракса, постои можност за вработување.
Како да аплицирам?
Испрати го твоето CV со назнака во наслов за соодветната позиција на
најдоцна до 10.05.2018.