Во Крушево, од 4-6 мај 2023, се одржа 20-тата меѓународна конференција за информатика и информатички технологии CiiT 2023, организирана и поддржана од Факултетот за информатички науки и компјутерско иженерство (ФИНКИ). На конференцијата беа презентирани 38 труда изработени од приближно 100 учесници, од кои 30 се студенти на ФИНКИ, и евалуирани од меѓународниот програмскиот одбор составен од 63 членови. Дополнително, на конференцијата се одржаа и три поканети предавања од страна на д-р Ѓорѓи Стрезоски од Универзитетот во Амстердам, Холандија, д-р Светлана Кордумова Трајанова - oсновач и извршен директор на Pixyle.ai, и м-р Бојан Најденов од компанијата 44 EAST, Копенхаген, Данска.

1_1.jpeg

Конференцијата ја отворија претседавачите на конференцијата, доц. д-р Бојана Котеска и доц. д-р Александра Дединец, заедно со деканот на ФИНКИ, проф. д-р Боро Јакимовски.

„Една од целите на ова конференција е поголемо вклучување на студентите во научните истражувања кои се спроведуваат на ФИНКИ. Ме радува тоа што бројот на квалитетни студентски трудови расти секоја година“, рече Деканот Јакимовски.

slika7.jpg

По повод јубилејното 20-то издание на конференцијата, на истата се обрати и претседавачот на првата CiiT конференција, одржана во 2000 година, д-р Смиле Марковски, професор во пензија. По читањето на првиот повик за трудови испратен до вработените на Институтот за информатика при ПМФ, Марковски изјави:

„CiiT за прв пат беше организирана во форма на состанок на кој вработените од ИИ требаше да споделат идеи за идни истражувања. Ми претставува огромно задоволство да сум сведок на денешниот успех на CiiТ, како и на традицијата која е воспоставена.“

slika1.jpg

Конференцијата финансиски е поддржана од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Асоцијацијата „ИКТ-АКТ“, IReason, Netcetera, S&T Macedonia, ITigma, Iskratel, Integra Solution, Inteligneta, ITLabs, Musala soft и Винарија Стоби.

slika5.jpg

0