Што е вклучено во програмата?
Ова е тренинг програма која што има за цел да објасни како се дизајнираат модерните компјутерски системи на најниско ниво и кои се спецификите на оваа методологија. Оваа технологија е достапна насекаде во светот, но многу помалку на нашиве простори. Во IT Labs фокусот ни е на градење на тим од високо квалификувани инженери кои ќе се стручни во сферата на создавање и развивање на дигитални системи со користење на HDL (Hardware Description Language) на различни типови на силиконски архитектури како на пример: CPLD, FPGA, и потенцијално ASIC. Со поддршка од нашите колеги и партнери, IT Labs има развиено едукативен план и програма со која учесниците ќе се здобијат со знаење и вештини потребни за дизајнирање и верификација на концепти развиени со HDL. Тренинг програмата вклучува работа на практични примери, проекти, и стекнување на искуство со користење на FPGA и CPLD чипсети кои ќе бидат конфигурирани да извршуваат различен тип на податочно и сигнално процесирање.
Дизајнирање на Чипови со HDL
Оваа методологија е наменета за дизајнирање на комплексни специфички дигитални системи кои не може да се набават на друг начин. Моделирањето се изведува со користење на јазици наменети за текстуално опишување кои ги дефинираат процесите и обработката која се изведува со дигиталните компоненти, кои го градат комплексниот систем. Користената HDL синтакса во оваа тренинг програма ќе биде VHDL (Very High-Speed Integrated Circuit Hardware Description Language), а целната архитектура ќе биде CPLD и FPGA.
За кого е наменета оваа тренинг програма?
Оваа тренинг програма е наменета за студентите на техничките факултети каде се изучуваат електроника и информатички науки, и лица со диплома по компјутерски науки и инженерство (или сродни насоки).
Предуслови за кандидатите
Неопходни познавања:
- Успешно положен испит по основи на електротехника или електроника
- Успешно положен испит по Дигитална Електроника
- Одлично познавање на техники за Програмирање и Алгоритми и Податочни Структури
- Основно познавање на Компјутерски Системи и Архитектури
- Основно познавање на вгнездени системи
Добро да се знае:
- Напредно познавање на електроника, микропроцесорска електроника и моделирање и симулација во електрониката
- Основно познавање на методи за моделирање на хардвер во VHDL
- Основно познавање на изработка на електронски склопови со дигитални електронски кола
- Основно познавање на микропроцесорски системи
- Основно познавање на изработка на софтверски решенија во програмски јазик С или асемблер
Како да дознаам повеќе за оваа програма?
Во четврток, 23 февруари, со почеток од 17 часот, ќе биде одржан Онлајн Отворен Ден за Тренинг Програма на IT Labs за Дизајнирање на Чипови со HDL, на кој Благој Ќупев, CIO во IT Labs, ќе ја претстави програмата, модулите на програмата, ќе објасни повеќе за технологијата која ќе се изучува на овој тренинг, како и потребните способности и квалификации кои кандидатите би требало да ги поседуваат за да можат успешно да ја завршат тренинг програмата!
Доколку сакате да присуствувате на отворениот ден, пријавете го вашето онлајн присуство на наредниот линк:
https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_edNipSp-T6aPNJGRO4v5Qg
За сите кои нема да бидат во можност да присуствуваат на онлајн отворениот ден, ќе биде одржан отворен ден за истата програма, овој пат во Арената на IT Labs, на 1 Март, со почеток во 17 часот, на кој повторно, Благој Ќупев, CIO во IT Labs, ќе ја води програмата која ќе ја има истата агенда како и на онлајн отворениот ден. Овој настан ќе биде само со физичко присуство.
Доколку сакате да присуствувате, потребно е да се пријавите на наредниот линк: https://www.eventbrite.ie/e/open-day-for-it-labs-chip-design-with-hdl-training-tickets-556596855177
Како можам да аплицирам за програмата?
Испратете го вашето резиме или кратка биографија овде: https://apply.workable.com/it-labs1/j/AD65D8B917/