1. Општи информации
Постдипломските студии по паметни поврзани системи имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на ИКТ инженери со длабоки познавања на паметни системи поврзани преку Интернетот од нешта (IoT). По завршувањето на студиите овие инженери ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн, програмирање, управување, тестирање и мониторинг на паметни IoT системи и работа со различни видови на најнови вградливи технологии вклучувајќи ги и новите IoT бизнис аспекти.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по паметни поврзани системи
- Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко
- Поле: компјутерски техника и информатика
- Област: информациони системи и мрежи
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот има помал број наставни предмети и е резервиран за завршниот проект, т.е. за магистерската тема.
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на насоки од полето на информатика или компјутерска техника и информатика кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
- Бројот на контактните часови е 4
- Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е
– Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на паметни поврзани системи
2. Студии
Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии
РБ | Предмет | Семестар | З/И | ЕКТС |
1 | Градење на Интернет од нешта и безбедност | IX | З | 6 |
2 | Системи за аквизација и обработка на податоци | IX | З | 6 |
3 | Паметен град | IX | З | 6 |
4 | Изборен предмет | IX | И | 6 |
5 | Изборен предмет | IX | И | 6 |
6 | Развивање на IoT апликации и IoT платформи | X | З | 6 |
7 | Изборен предмет | X | И | 6 |
8 | Магистерска тема | X | З | 18 |
Во следната табела се дадени изборните предмети од студиската програма
Табела 4: Изборни предмети
РБ | Нов код / Предмет | Семестар | ЕКТС | |
1 | ПС-И-01 Анализа на податоци од поврзани системи | X | 6 | |
2 | ПС-И-02 Фузија на сензорски податоци | IX | 6 | |
3 | ПС-И-03 Паметна мобилност | X | 6 | |
4 | ПС-И-04 Паметни договори во IoT | IX | 6 | |
5 | ПС-И-05 Паметни енергетски мрежи | IX | 6 | |
6 | ПС-И-06 Паметно и поврзано здравство | X | 6 | |
7 | ПС-И-07 Интернет од Нешта за еко-системи | IX | 6 | |
8 | ПС-И-08 Отворени и поврзани податоци | X | 6 | |
9 | ПС-И-09 Паметни системи за производство и мониторинг | X | 6 | |
10 | ПС-И-01 Паметни финансиски системи и берза | IX | 6 | |
11 | ИТ-И-01 5Г:Безжични мобилни системи од петтата генерација | IX | 6 | |
12 | ИТ-И-04 Е-бизнис | IX | 6 | |
13 | ИТ-И-11 Паметни сензорски мрежи | X | 6 | |
14 | ИТ-И-13 Мрежна виртуелизација и пресметки во облак | X | 6 | |
15 | ИТ-И-18 Наука базирана на податоци | IX | 6 | |
16 | ИС-И-21 Сензорско-роботски системи | X | 6 | |
17 | СИ-И-01 Анализа и предвидување на временски серии | IX | 6 | |
18 | ЕИ-З-03 Имплементација на Географски Информациони Системи | X | 6 |
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.