Петар Секулоски е роден во 1994 година во Струга. Во 2013 година се запишал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, насока компјутерски науки и инженерство. Дипломирал во 2017 година при што се стекнал со титулата дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока компјутерски науки и инженерство. Студент е на постдипломските студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од 2017, на насокота Компјутерски науки. На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство најпрво бил ангажиран како лаборант, а од октомври 2018 година како демонстратор. Неговиот ангажман претежно ги опфаќа математичките предмети. Одржува аудиториски вежби по Калкулус, Калкулус 1, Калкулус 2, Дискретна математика и Дискретни структури 1, како и лабораториски вежби по овие предмети. Исто така одржува/одржувал лабораториски вежби по предметите: Веројатност и статстика, Инженерска математика, Калкулус 3, Структурно програмирање, Објектно-ориентирано програмирање, Географски информациони системи и Компјутерски компоненти. Области на негов научно-инстражувачки интерес се тополошка анализа на податоци, пресметковна топологија, машинско учење како и примена на методи од алгебрска топологија во областите од компјутерски науки.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК