Врз основа член 110 и член 163 од Законот за високото образование и член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Наставно - научниот совет на факултетот на својата редовна седница одржана на година ја донесе следната:

                                                                               ПОВИК

За покажување на интерес за ангажман на демонстратори на Факултетот за учебната 2019/20 година

1.    Наставно научниот совет на факултетот на редовна седница одржана на  27.09.2019 година донесе одлука за утврдување на потреба од демонстратори на Факултетот за учебната 2019/20 година.
2.    Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус студии од соодветна област (Области од  наставно научните подрачја  110 ОЕЦД - информатика  и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика)
3.    За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма од областа (области од наставно научните подрачја  110 ОЕЦД - информатика  и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика) со просечна оценка од најмалку 8,50

4.    Критериуми за оценка на кандидатите се следниве  
       a.    просекот на завршени додипломски студии (47,5% од вкупниот број на поени)
       b.    просекот од задолжителните предмети на студиската програма на која студирал кандидатот на додипломските студии (47,5% од вкупниот број на поени)
       c.     5 % од интервју (оценка на наставно стручните квалитети кои ги покрива)
       d.    Предност имаат кандидатите кои завршиле студии на повисоко рангирани универзитети. (се пресметува тежински фактор односно коефициент според рангот на универзитетот)
       e.    кандидатот за демонстратор може да биде само лице кое е студент или во тековниот уписен рок е пријавен на втор или трет циклус студии од соодветна област (Области од  наставно научните подрачја  110 ОЕЦД - информатика  и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика).
       f.    За да биде избран кандидатот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот  за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  и Посебните критериуми за избор на демонстратори во учебната 2019/20 година донесени од Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство

5.    Демонстраторите согласно потребата би биле ангажирани за дежурање и одржување на  аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 12 часа аудиториски вежби односно 8 аудиториски + 8 лабораториски вежби. (сооднос аудиториски/лабораториски е 1/2). За целосен максимален ангажман на демонстраторот му следува надоместок во максимален износ од 30.000,00 денари нето месечно и можност за целосно ослободување (за новите студенти на втор циклус студии или намалување на тековните од трошоци за студирање на втор односно трет циклус студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство).
6.    Демонстраторите би се избирале по објавување на интерен конкурс, за учебната 2019/20 година во времетраење од 12 месеци. Кандидатите кои ќе изразат интерес по овој повик пред објавување на интерниот конкурс имаат предност во однос на останатите кои ќе се пријават подоцна.
7.    Кандидатите треба да достават:
-    Пријава
-    Кратко CV (со контакт телефон и меил адреса)
-    Доказ дека е студент на втор или трет циклус студии на соодветна студиска програма или дека е пријавен.
-    Доказ дек има завршено прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити со просек од мин. 8,5.
-    Уверение за положени испити од прв циклус студии
-    Потврда за познавање на македонски јазик доколку студиите ги има завршено на друг јазик

Документите се доставуваат во архивата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје, улица Руџер Бошковиќ 16, Скопје.

8.    Со поднесување на пријава кандидатите за демонстратор се согласни да бидат внесени во базата на кандидати за демонстратори на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
9.    Поднесување на документите е заклучно со 04.10.2019 година до 12 часот.