Почитувани студенти,
 
Ве известуваме дека подготвителната настава по математика ќе почне во петок, 16.9.2022 и ќе се одвива во текот на 6 дена:
 
Петок 16.09
Понеделник 19.09
Вторник 20.09
Среда 21.09
Четврток 22.09
Петок 23.09
 
Секој ден наставата ќе почнува од 9 часот и ќе трае најдоцна до 16 часот, при што ќе имате поголема пауза за ручек.
Наставата со физичко присуство ќе се одвива во амфитеатарот на ФИНКИ, во анексот спроти зградата на Технолошко-металуршки факултет.

Он лине наставата ќе можете да ја следите преку Teams, со вашите средношколски сметки или било која друга корисничка сметка што ја имате. Линкот ќе биде пратен во електронска порака на пријавените студенти.

 
Подготвителната настава по програмирање ќе се реализира од 26.9.2022 година (понеделник) до 30.9.2022 година (петок). Деталниот распоред ќе го добиете во текот на следните денови. 
 
Секој пријавен кандидат наставата ќе може да ја следи на начинот што го избрал при пријавувањето, односно, со физичко присуство, преку системите за далечинско учење на ФИНКИ (online) или комбинирано. 
 
Со цел да може да присуствувате на подготвителната настава, потребно е да приложите уплатница со соодветната сума.
 
- 2000 денари за подготвителна настава по програмирање (ако слушате само програмирање)
 
- 4000 денари за подготвителна настава по математика (ако слушате само математика)
 
- 6000 денари за подготвителна настава по програмирање и математика (ако ги имате избрано и двата курса)
 
Уплатницата (достапна тука) треба да ги содржи следниве информации:
 
цел на дознака: подготвителна настава по програмирање/математика/програмирање и математика (соодветно која настава ќе ја следите)
 
назив на примач: Буџет на РМ - УКИМ - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
 
банка на примач: НБРМ
 
сметка на примач: 100000000063095
 
сметка на буџетски корисник: 1600161700  788 13
 

приходна шифра и програма: 723012  41

 
Уплатницата потребно е да ја донесете на првиот час по математика ако имате избрано математика или и двата курса, или на првиот час по програмирање ако имате избрано само програмирање. Дополнително, сликаjте ja / скенирајте ја уплатницата и пратете ја во електронска форма на електронската адреса podgotvitelna@finki.ukim.mk најдоцна до 16.9.2022 година (петок) до 16:00 часот. Тие што се имаат пријавено да ја следат подготвителната настава онлајн или комбинирано, доволно е првично само на електронската адреса да ја пратат уплатницата сликана или скенирана најдоцна до 16.9.2022 година (петок) до 16:00 часот, а потоа дполнително ќе бидат известени за начинот и рокот за доставувањето на хартиена форма од уплатницата.
 

За било какви прашања можете да ни пишете на podgotvitelna@finki.ukim.mk.

Ви посакуваме успешна настава.