Подготвителната настава по програмирање и математика оваа година ќе биде спроведена во периодот од 30 август 2017 до 14 септември 2017 година.
 
Детали за подготвителната настава по математика
Одржување на подготвителната настава по математика: 30 и 31 август, 01, 04, 05 и 06 септември 2017. 
Започнување на наставата: 09 часот
Просторија: 302 (втор спрат во зградата на Технолошко-металуршки факултет)
Број на часови (дневно): 6 часови предавања и 1 час изработка на домашни задачи
 
Детали за подготвителната настава по програмирање
Одржување на подготвителната настава по програмирање: 07, 11, 12, 13 и 14 септември 2017. 
Започнување на наставата: 09 часот
Просторија: ќе биде дополнително определена и за истата ќе бидете дополнително известени со електронска порака
Број на часови (дневно): 4 часови предавања и вежби
 
Бидете 10 минути пред почетокот на наставата пред соодветната просотрија.
 
Финансии
 
Уплатата за подготвителната настава треба да биде направена на сметка на факултетот. Детали за уплатата можат да се најдат на следниот линк https://finki.ukim.mk/mk/zafakultetot/finansii.
 
Ако следите настава само по математика
Цел на дознака: Подготвителна настава по математика
Износ: 4000 МКД
 
Ако следите настава само по програмирање
Цел на дознака: Подготвителна настава по програмирање
Износ: 2000 МКД
 
Ако следите настава по математика и програмирање
Цел на дознака: Подготвителна настава по математика и програмирање
Износ: 6000 МКД
 
Приходна шифра:
723019 - Други образовни такси
 
Уплатниците треба да се донесат на првиот час.