Почитувани,
Со големо задоволство сакаме да ве поканиме на промоција на следните активности на Акцелератор УКИМ кои ќе се спроведат во 2022 година:
- EIT Jumpstarter 2022 - програма наменета за членови на академската заедница со идеја за производ или услуга за примена на постоечките пазари во (1) здравство, (2) агро-храна, (3) суровини, (4) производство, (5) урбана мобилност или (6) енергија, и сакате да ја изнесете вашата идеја надвор од лабораторијата на пазарот;
- БАУ АПА 2022 - Акцелераторска програма наменета за компании кои имаат имаат потреба од ново знање и потенцијал за надградување и трансформирање на иновативните решенија во профитабилен бизнис.
Настанот ќе се одржи на 17 март во 12:00 часот онлајн на следниот линк:
За Акцелераторот УКИМ
Акцелератор УКИМ е формиран во 2018 година, и за прв пат во Р. Македонија, воведува ефективна и структурирана програма за забрзување/акцелерирање на бизнисот, вклучувајќи пред-акцелераторска и акцелераторска програма и пристап до финансии, насочени кон технолошки напредни и иновативни нови компании во Македонија. Избраните стартапи и претприемачите кои ќе бидат поддржани со иницијални инвестиции, ќе добијат соодветна помош за забрзување врз основа на нивните индивидуални потреби, со фокус на развој на бизнисот и производите / услугите преку мрежа на национални и меѓународни ментори. Покрај тоа, ќе биде обезбедена технолошка поддршка преку факултетите и истражувачкиот персонал од УКИМ, вклучувајќи и пристап до лабораториите. Натамошните инвестиции ќе бидат насочени кон иновативните стартапи со најголем потенцијал за раст и комерцијализација.
Вкупниот буџет за инвестиции на Акцелераторот УКИМ за периодот од 2019 до 2022 година изнесува €500.000.
За повеќе информации слободно контактирајте не на accelerator@ukim.edu.mk и 071.578550.