Подготви се за предизвикот „Сајбер баланс – добросостојба во дигиталното образование“, хакатон организиран од ФИНКИ во Скопје!

Cyber Balance Hackathon

Овој хакатон има за цел да ги поттикне младите да размислуваат како технологијата може да ја поддржи менталната добросостојба и да го балансира времето пред екрани во дигиталната ера.

Учествувај ако си средношколец или студент со интерес во технологија, дизајн, психологија или образование!

Формирај тим од 3–5 члена и создај:

  • Практична идеја или апликација
  • Кампања за одговорна употреба на дигитални алатки
  • Препораки за политики за дигитално здравје во образованието

Победничкиот тим ќе патува во Брисел и ќе учествува на глобалниот DigiEduHack натпревар!

Организирано под покровителство на Европската комисија преку DigiEduHack, со поддршка од MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет.

Настанот ќе вклучи работилници, менторски сесии и интерактивни дискусии за човекоцентрични и етички решенија за дигитална добросостојба.

0