Компанијата Devsy од Скопје, има потреба од практикант кој што би сакал да научи развој на Web апликации со PHP, во околина со реални проекти.

Потребно е студентите да имаат изработено барем еден или повеќе Web проекти во форма на семинарски работи или хоби проекти.  Предност ќе имаат студентите кои се во завршните години од студиите. По завршување на периодот предвиден за пракса, постои реална можност за вработување.

 Доколу сакате да аплицирате за позицијата или пак имате прашања, испратете маил на careers@devsy.com.

Покрај основните информации, би сакале да чуеме и краток опис за тоа што до сега имате работено, со кои технологии сте се служеле и какви афинитети за персонален развој имате во иднина.

Со задоволство ги очекуваме Вашите апликации!

1