Се распишува оглас за практикантска работа во ИТ Сектор во АД Осигурителна полиса Скопје, во дирекција на бул.Свети Климент Охридски бр.26 Скопје.
Практикантот се ангажира со цел стекнување на вештини во областа на ИТ технологијата во делот на осигурувањето и ќе ги обавува следните задачи:
- идентификација на процеси при обработка на податоци, кои може да се автоматизираат и програмирање на соодветни апликации
- креирање на графички интерфејси, погодни за користење од страна на стручните служби за обработка на податоци
- поддршка на стручните служби на Друштвото и на експозитурите во секојдневните активности со MS-Word, MS-Excel, MS-Outlook
Се бара 1 лице за обавување на практична работа.
Времетраење на ангажманот е не повеќе од 6 месеци. Почеток на ангажманот е флексибилен, во договор со избран апликант.
Флексибилно работно време, не помалку од 2 часа дневно и не повеќе од 40 часа неделено, со комбинација од канцелариска работа и работа од дома/место по договор.
Потребни вештини:
- Основно познавање на SQL, python, Angular, ASP.NET
- Познавање на оперативен систем Windows
- Познавање на Microsoft Office
Ангажманот е со месечен надоместок во висина од 14.500,00 денари за обавување на пракса од 40 часа неделно, односно сразмерно на договорениот ангажман за практиканство.
Право на аплицирање имаат лица кои не се во работен однос и да не се постари од 34 години.
Сите заинтересирани може да испратат кратка биографија на е-маил: info@ospol.mk.