Се распишува оглас за практикантска работа во ИТ Сектор во АД Осигурителна полиса Скопје, во дирекција на бул.Свети Климент Охридски бр.26 Скопје.

Практикантот се ангажира со цел стекнување на вештини во областа на ИТ технологијата и ќе ги обавува следните задачи:

  • Конфигурирање и одржување на мрежната инфраструктура
  • Одржување на Domain Controllers
  • Одржување на back-up системите
  • Одржување на e-mail серверите
  • Одржување на системите за виртуелизација
  • Одржување и промени на постоечката веб страна
  • Одржување на фајл сервери и веб сервери
  • Одржување и конфигурација на антивирус
  • Сервисирање на компјутерите и принтерите во секојдневната работа

Се бара 1 лице за обавување на практична работа.

Времетраење на ангажманот е не повеќе од 6 месеци. Почеток на ангажманот е флексибилен, во договор со избран апликант.

Флексибилно работно време, не помалку од 2 часа дневно и не повеќе од 40 часа неделено, со комбинација од канцелариска работа и работа од дома/место по договор. 

Потребни вештини:

  • Познавање на Windows и Linux
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на Microsoft Office
  • Возачка дозвола од Б категорија

Ангажманот е со месечен надоместок во висина од  18.000,00 денари за обавување на пракса од 40 часа неделно, односно сразмерно на договорениот ангажман за практиканство.

Право на аплицирање имаат лица кои не се во работен однос и да не се постари од 34 години.

Сите заинтересирани може да испратат кратка биографија на е-маил: info@ospol.mk.

1