Друштвото за информатика Артисофт (www.artisoft.net), една од водечките компании за изработка на SaaS (Software as a Service) решенија во регионот, ги поканува заинтересираните студенти од последната студиска година на ФИНКИ да учествуваат во нивната овогодишна програма за пракси, во рамките на кои се достапни 5 позиции за пракса. Во текот на тримесечната пракса (со можност за дополнително продолжување), студентите ќе имаат можност да работат со најнови и најмодерни технологии (Cloud технологии, Big Data & Search технологии), на конкретни проекти кои се работат во компанијата.

Работниот ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време.

Кандидати кои ќе бидат земени во предвид за пракса во Артисофт се студенти од ФИНКИ во нивната последна студиска година кои  имаат изразена желба да учат нови работи и да имаат некакви почетни знаења. Предност ќе им се даде на канидатите што имаат искуство во работа со бази на податоци, Web development (HTML, CSS).

На најдобрите практиканти Артисофт ќе им понуди и можност за вработување по завршување на праксата

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV преку email на info@artisoft.mk со назнака “ Пракса во Артисофт”

Рокот за пријавување е 05.11.2017 година. 

1