Почитувани студенти,

Телеком како компанија има цел да им ги приближи на своите корисници најновите светски достигнувања во областа на електронските комуникации.

Вие, студентите од ФИНКИ сте идните  лидери во областа на информациско-комуникациските технологии, иновациите и дигитализацијата. Затоа би сакале да се информираме  за вашите интереси, вештините кои ги поседувате и покрај професионалното и теоретско знаење, да ви понудиме и практично работно искуство кое ќе ја зголеми можноста за вашето идно вработување.

Ако имате познавање и/или интерес за IOS, Android, web апликации, развивање на веб сервиси и back-end за апликации, доставете своја биографија на следнава мејл адреса career@telekom.mk со назнака „За дигитализација и иновации“ во subject  најкасно до 14.04.2019 година.

Ние ќе ги избереме студентите кои се најсоодветни за нашиот проект, преку кој ќе стекнете дополнителни практични искуства и ќе ги развиете своите професионални вештини. Се надеваме дека ќе ве заинтересираме и ве очекуваме,

Со почит,

Македонски Телеком 

1