Ве известуваме дека студентите на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка имаат можност да вршат практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија, во текот на месеците јуни, јули и август 2022 година.

 

Пријавата, пополнета од страна на овластеното лице од Универзитетот и од студентот, заверена со печатот на Универзитетот и со потпис од овластеното лице, како и со потпис на студентот, се доставува до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија или по пошта, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“, најдоцна до 10 мај 2022 година, на следнава адреса:

            Народна банка на Република Северна Македонија

            Дирекција за управување со човечките ресурси

бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1

1000 Скопје

Република Северна Македонија

 

Огласот и Образецот „Пријава за вршење практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија“, се објавени на веб-страницата на Народната банка на македонски, албански и англиски јазик на следниот линк:

https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-oglas-za-vrsene-prakticna-rabota-vo-narodnata-banka-na-republika-severna-makedonija-11042022.nspx

 

За сите дополнителни информации, студентите заинтересирани за вршење практична работа во Народната банка, можат да се обратат на следнатa е-адреса: HRMDRazvoj@nbrm.mk

1