Компанијата Devsy од Скопје, има потреба од практикант кој што би сакал да научи развој на iOS апликации, во околина со реални проекти. 

 

Претходно искуство со развој на iOS не е неопходно, но е пожелно студентите да имаат изработено барем еден или повеќе проекти во форма на семинарски работи или хоби проекти. Предност ќе имаат студентите кои се во завршните години од студиите. По завршување на периодот предвиден за пракса, постои реална можност за вработување.

 

Доколу сакате да аплицирате за позицијата или пак имате прашања, поставете ги на следната адреса 

Покрај основните информации, потребно е и да се достави кратко објаснување за тоа што до сега имате работено, со кои технологии сте се служеле и какви афинитети за персонален развој имате во иднина.

1