Компанијата Devsy од Скопје, има потреба од практикант кој е спремен да учи развој на iOS апликации, во работна средина со реални проекти. 

Претходно искуство со развој на iOS не е неопходно, но е пожелно студентите да имаат изработено барем еден или повеќе проекти во форма на семинарски работи или freelance проекти во било која платформа или технологија.

Предност ќе имаат студентите кои се во завршните години од студиите. По завршување на периодот предвиден за пракса, постои реална и стабилна можност за вработување.

Devsy работи со систематизирана програма за практиканство, што овозможува развој и загарантиран напредок до вработување.

Доколу сакате да аплицирате за позицијата или пак имате дополнителни прашања испратете порака на careers@devsy.com.

Сите апликации кои ќе пристигнат до 24.12.2018 (пoнеделник) ќе бидат земени во предвид за понатамошна селекција.

1