Компанијата F5 Tech од Скопје објавува конкурс за реализација на практична настава и работа за студентите во завршна фаза од студиите на ФИНКИ.

 
Тимот за развој на софтвер има потреба од еден студент кој е запознат со технологиите за развој на Microsoft, односно има солидно познавање на програмскиот јазик C# и познавање на концептите за развој на веб апликации според ASP.NET MVC Pattern Design.
 
Конкретната позиција е поврзана со одржување и развој на нови функционалности на модерна веб апликација имплементирана во ASP.NET Core 2.0 (MVC). Проектот претставува реално решение имплементирано и кое функционира на продукциски сервер и база. Со оглед на тоа позицијата нуди вистински предизвик за работа на проект кој е индустриски „жив“ во работна средина со поголем број на програмери кои работат на развој на веб и мобилни апликации.
 
Праксата е платена и со можност за понатамошно за потенцијално професионално вработување во зависност од покажаниот интерес и постигнат резултат.
 
Заинтересираните кандидати повеќе детали за компанијата можат да најдат на официјалниот веб сајт http://f5tech.mk, a потребно е да испратат e - mail порака со назнака “Пракса” и CV на англиски јазик на contact@f5tech.mk.
1