Компанијата GRID System објавува отворен конкурс за практиканти, и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.  

GRID System е компанија која се занимава со развој и одржување на веб апликации, развој на мобилни апликации и маркетинг на социјални мрежи.

Времетрањеето на праксата е 3 месеци. Практичната настава е со големо ниво на флексибилност во поглед на времето и земање во предвид на обврски на студентот што ќе ги има на факултетот. Практичната настава ќе биде платена.

Сите заинтересирани кандидати нека се пријават на http://grid-system.com/careers.