Компанијата Loka (loka.com) објавува пракса за Data Engineers за студентите на Финки. Во текот на праксата студентите ќе се запознаат со алатки за работа со големи податоци (Big Data) и ќе се усовршат во ETL (extract, transform, load) процесите за користење на податоците во реални апликации. За таа цел ќе се користат мноштво од AWS алатки за внес на податоци со Glue, Kinesis, Elastic Map Reduce и open source алатките Spark, Beam и Airflow, чување на податоци со Redshift и S3/Parquet и визуелизација со Athena и QuickSight.
По завршување на праксата ќе знаете да дизајнирате и имплементирате системи за работа со големи податоци во полиња како machine learning, life sciences и medicine.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на следниот email: hx@loka.com

1