06/04/2016
Компаниите членки на АмЧам Македонија нудат бројни практикантски места за високо мотивирани студенти од домаќинства со ниски примања.
Во 2015 год. од страна на компаниите членки на АмЧам Македонија (ПроКредит банка, ЕВН Македонија, Вабтек МЗТ и Рош Македонија) беа дадени вкупно 23 понуди за практикантски места на заинтересираните учесници во програмата.
За аплицирање, потребно е да ги доставитe следниве документи на info@amcham.com.mk:
- целосно пополнета апликација (во прилог на овој документ)
- доказ за статус на домаќинство со ниски примања (пр. копија од договорот/решението од МОН за доделување на стипендија за студенти од социјалните категории).
Напомена:
- Конкурирањето за оваа програма, на апликантот не му гарантира практикантско место или вработување. Студентите кои се пофлексибилни во врска со нивните барања за практикантска работа, имаат поголема веројатност да добијат ангажман.
- Секој практикантски ангажман е различен (полно/пола работно време, платен/неплатен, различни струки и индустрии, период, времетраење), по договор со одреден работодавач.
Апликациите континуирано се прифаќаат во текот на целата година.
Во прилог може да ја најдете и апликацијата.
Документ | Големина на документ |
---|---|
Апликација | 44.77 KB |