Компаниите членки на АмЧам Македонија нудат бројни практикантски места за високо мотивирани студенти од домаќинства со ниски примања. Во 2016 год. од страна на компаниите членки на АмЧам Македонија (ЕВН Македонија, Окта, Пивара Скопје, Прокредит банка, Штедилница ФУЛМ, Сеавус и Вабтек МЗТ Скопје) беа дадени вкупно 22 понуди за практикантски места на заинтересираните учесници во програмата.
Значајно да се спомене е дека 3 студенти од оваа програма, по завршување на своите пракси, добија понуда за работа во истите компании.
За аплицирање, потребно е да ги доставатe следниве документи на info@amcham.com.mk:
- целосно пополнета апликација (можете да ја најдете на: www.amcham.com.mk) - линк до апликацијата
- доказ за статус на домаќинство со ниски примања (пр. копија од договорот/решението од МОН за доделување на стипендија за студенти од социјалните категории).
Напомена:
- Конкурирањето за оваа програма не гарантира ниту практикантско место ниту вработување на ниту еден од кандидатите кои ќе се пријават за оваа програма. Студентите кои се пофлексибилни во врска со нивните барања за практикантска работа, имаат поголема веројатност да добијат ангажман.
- Секоја практикантски ангажман е различен (полно/пола работно време, платен/неплатен, различни струки и индустрии, период, време трајење), по договор со одреден работодавач.
Апликациите континуирано се прифаќаат во текот на целата година. Контактирајте на тел. 3214 716 (за време на вообичаеното работно време).