Драги студенти,

Со задоволство ве покануваме на предавање организирано од HTEC, глобална технолошка и консултантска компанија позната по создавање на иновативни дигитални производи и решенија.

За време на сесијата ќе имате можност да дознаете повеќе за:

  • Кој е HTEC и со што се занимава компанијата
  • Примери на проекти од различни индустрии и технологиите сработени од нивна страна
  • Како нивните тимови се справуваат со реални предизвици
  • Можности за кариера во HTEC – од почетни до сениор позиции и можности за менторство

Локација: Амфитеатар (мал) на ФИНКИ
Датум и време: 21 октомври, 12 часот
Времетраење: 45 минути

По предавањето, ве покануваме да ја продолжите дискусијата во HTEC Лабораторијата 13. Најактивните учесници ќе добијат интересни награди и HTEC промо материјали!

Не ја пропуштајте оваа можност да дознаете повеќе за реални проекти, да се поврзете со професионалци и да истражите потенцијални можности за кариера во HTEC!

1