Веќе 8 години по ред, ПЕКСИМ Фондацијата во соработка со Cambridge Trust доделува стипендии за едногодишни магистерски студии на Универзитетот Кембриџ во Велика Британија на талентирани студенти од Македонија и Србија. Идејата на ПЕКСИМ Фондацијата е да овозможи создавање на услови за усовршување на студентите од Македонија и Србија, со што по нивното враќање во матичните земји, ќе можат да го стават своето знаење на располагање, не само на државните институции, туку и  во приватниот сектор. Целта на фондацијата е да создаде стручен кадар кој во иднина ќе допринесе за економскиот развој на овие две земји.

За повеќе информации во однос на условите за добивање на стипендија и мисијата на ПЕКСИМ Фондацијата, на 21 ноември 2017 година, во 17 часот, во амфитеатарот на ФИНКИ, ќе биде одржана кратка презентација од страна на Јована Ѓорѓиовска и Милка Докузова, минатогодишни стипендисти и алумни на ПЕКСИМ.

Настанот е отворен за сите заинтересирани студенти, од сите факултети и универзитети во Македонија, кои размислуваат за продолжување на своето образование на Универзитетот Кембриџ во Велика Британија.

За повеќе информации: www.peximfoundation.org

 

1