1_8.jpg

ФИНКИ (координатор проф. Ана Мадевска Богданова) е еден од 4-те партнери на НАТО проектот SP4LIFE. За време на официјалната посета на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Србија на 21 ноември 2023 година, во хотелот Холидеј Ин во Белград се одржа презентација на научни проекти поддржани од НАТО како дел од програмата Наука за мир и безбедност – ( Science for Peace and Security – SPS).

Од 14 проекти во кои е вклучена Србија, беа претставени 3 проекти, меѓу кои проектот „Smart patch for life support systems – SP4LIFE“. За време на посетата на генералниот секретар на НАТО, проектот го претстави советникот од канцеларијата на SPS на НАТО, д-р Ејуп Турмус, а со целите на проектот прусутните ги запознаа претставниците на проектот, младиот белградски докторант Стефан Илиќ и проектниот координатор Милан Тишлер. Во дискусија, високиот гостин ја согледа иновативноста на решението и неговиот потенцијал и изрази задоволство што во проектот учествуваат млади луѓе од повеќе земји.

Оваа презентација е голем чекор кон успешно завршување на проектот SP4LIFE.

Во проектот SP4LIFE, се развива систем во реално време со оригинален интегриран сензор што собира и паметно ги анализира информациите за виталните параметри на повеќе повредени лица (дишење, отчукувањата на срцето, оксигенација на крвта, крвен притисок и телесна температура) и може да му помогне на медицинскиот персонал во оптималното следење и управување со повредените лица, на пример во случај на масовни несреќи или терористички напади. Сензорот е уред налик на фластер, прикачен на градите на повреденото лице,  кој ги следи основните витални параметри и алармира доколку здравствената состојба на лицето критично се промени. Истовремено, безжично се пренесуваат измерените податоци од неколку сензори на таблет за следење, каде со помош на методи на вештачка интелигенција континуирано се оценуваат другите витални параметри на повредените, што овозможува приоритетен третман и транспорт до медицинска установа на повредените кои се во состојба на најголема животна опасност.

2_7.jpg

3_9.jpg

4_3.jpg

0