На 4ти Ноември Microsoft Development Center Serbia ќе одржи кратка презентација за нивната работа и можностите што ги нудат за студентите како пракси и вработувања.
Презентацијата ќе се одржи од страна на Андреја Ѓорѓевиќ, Business Program Manager – Recruitment.
Краток опис за Microsoft Development Center Serbia: Мисијата на Microsoft е да ги мотивира и охрабри сите поединци и организации на планетата да постигнат повеќе.
Тоа е она што нè инспирира да учиме и растеме секој ден.
Microsoft Development Center Serbia (MDCS) е основан во 2005 година, како четврти центар за развој на Microsoft на глобално ниво. MDCS се специјализира во развој на софтвер и применета математика, во моментов работат повеќе од 250 високо квалификувани инженери. Тимот MDCS се состои од софтверски инженери со солидно искуство во индустријата и свежо дипломирани студенти со заедничка карактеристика - мотивација за постигнување и правење значително влијание врз светот. MDCS е создаден со мисија да земе активно учество во започнувањето на новите технологии на Microsoft со ангажирање на уникатен локален талент од Балканот, се со цел за придонес на некои од најголемите и најиновативни продукти на Microsoft. MDCS станува широко признат низ Microsoft како центар за иновативност и квалитет во делот на Машинско учење и "Big Data".
Во прилог линк до евентот: https://www.facebook.com/events/813025929270950
Настанот е во оррганизација на Microsoft Learn Student Ambassadors програмата во Македонија.