Објавени се прелиминарни ранг листи за првиот уписен рок за академската 2020/2021 година.
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши од 05.09.2020 од 12:00 часот до 07.09.2020 до 10:00 часот.
Приговорите се доставуваат на електронската пошта upisi-finki@ukim.edu.mk со наслов на пораката: PRIGOVOR[ID] каде што ID претставува бројот на пријавата за која се однесува приговорот.
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми.
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање ќе се примаат на електронската пошта upisi-finki@ukim.edu.mk најдоцна до 07.09.2020 до 10:00. Во насловот на пораката треба да стои IZJAVA[ID] каде што ID претставува бројот на пријавата за која се однесува изјавата.