Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2019/2020 година.
 
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши од 18.09.2019 од 12:00 часот до 19.09.2019 до 12:00 часот.

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец  во службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Сите кандидати кои НЕ се рангирани имаат можност да пополнат изјава за рангирање на другите насоки на кои има слободни места. Изјавите ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ до четврток, 19.09.2019 година до 12 часот.

Соопштението за промена на избор на студиска програма и кофинансирање може да види на следниот линк.