Почитувани колеги,

ФИНКИ во рамките на проектот EuroCC стана национален центар за компетенции за процесирање со високи перформанси, обработка на податоци со високи перформанси и вештачка интелигенција и е дел од мрежата на Европските центри за компетенции финансирани од EuroHPC JU организацијата на Европската Унија.

Во рамките на активностите од овој проект, наставниот кадар на ФИНКИ разви голем број курсеви на теми поврзани со процесирање со високи перформанси, обработка на податоци со високи перформанси и вештачка интелигенција. Курсевите се на македонски јазик и се наменети за широка публика. Во рамките на секој курс има предавања и практични вежби, како и завршен тест со чие положување се добива соодветен сертификат.

Курсевите се достапни на следниот линкhttps://learn.hpc.mk

каде во моментов има 9 објавени курсеви, а постојано се додаваат и нови.

За пристап до системот, можете да ги користите вашите корисничко име и лозинка од CAS, истите со кои се најавувате на сите други системи на ФИНКИ. За да се логирате со CAS, потребно е на страницата за најава да изберете FINKI CAS

1234.png

На барање на ФСС на ФИНКИ, на студентите од ФИНКИ им се овозможува со добивањето на сертификатот да можат да добијат и признавање на по 1 ЕКТС за секој завршен курс. Признавањето се врши со барање до службата за студентски прашања, при што се приложува соодветниот сертификата за завршениот курс.

НАПОМЕНА: максималниот број на ЕКТС кредити кои можат да се освојат од вон-курикуларни активности, какви што се и овие курсеви, е вкупно 6.

0