Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв циклус на студии за јануарско-февруарска испитна сесија 2019/2020 година ќе се одвива во периодот од 31.12.2019 – 14.1.2020 година.
Согласно процедурата на ФИНКИ за полагање на испити, сите студенти мора задолжително за време на полагањето на испитот (вклучувајќи полагање и на втор колоквиум) со себе да носат хартиена пријава. Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow и на денот на полагањето со себе ќе имаат хартиена пријава, а во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот. Целта е на студентите да им се олесни процедурата на добивање оценка во хартиена пријава на крај на секоја сесија и да се елиминира проблемот со студентски досиеја во кои недостигаат голем дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање.
Хартиената пријава се купува во околните книжари, скриптари и други продажни места за студентски документи.
Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата. Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски и за време на вториот колоквиум со себе да носат хартиена пријава. Студентите кои ќе полагаат втор колоквиум, меѓутоа нема преку колоквиуми да го положат целосниот испит, ќе мора во терминот за испит повторно да донесат хартиена пријава.
Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.
Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок. Кратко упатство за користење на системот може да најдете тука.