Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за септемвриска сесија 2023/2024 година ќе се одвива до 25.8.2024

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow.
Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.

Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk.