Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за септемвриската испитна сесија 2019/2020 година ќе се одвива во периодот од 11.8.2020 – 18.8.2020 година.

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow. Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.

Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата:  http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата  http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок. Кратко упатство за користење на системот може да најдете тука.

Хартиени пријави за положените испити ќе се носат по процедура која дополнително ќе биде објавена.

 

Согласно одлуката кој се однесува на далечинското полагање на испитите:

Испитите, колоквиумите и другите облици на проверка на знаење на факултет се реализираат далечински преку електронскиот систем на факултетот доколку ги исполнуваат условите од член 4 од Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.

По исклучок од став 1, испити со физичко присуство можат да се спроведуваат на факултетот (во крајно ограничен број простории кои ги задоволуваат условите од протоколите на владата) само за студенти кои претходно ќе се пријават дека немаат технички можности за електронско полагање од дома. Пријавувањето за немање техничка можност се однесува на сите испити во таа сесија, а не на поединечен предмет. Испитите со физичко присуство се спроведуваат во компјутерските лаборатории на факултетот преку електронскиот систем на факултетот (онлајн) на ист начин, односно ист тип задачи, исти услови како студентите кои полагаат онлајн од дома. Зависно од условите и бројот на студенти кои немаат технички можности за полагање од дома испитите со физичко присуство ќе се одвиваат во исто време кога ќе полагаат и сите останати студенти или во дополнителен термин кој ќе биде дополнително одреден доколку постојат услови за тоа. При физичкото доаѓање на студентот треба да пополни епидемиолошка анкета и да ги почитува протоколите од владата за постапување на високообразовните установи при изведување на испит во време на коронавирус кризата (носење заштитни средства и други инструкции според протоколите кои ќе бидат дополнително објавени). Студентите кои ќе се пријават за полагање со физичко присуство ќе немаат право да ги полагаат испитите далечински во целата сесија.

Условите за далечинско полагање за студентите опфаќаат компјутер со интернет врска, инсталиран софтвер Safe Exam Browser, камера или мобилен телефон со камера и дополнителен бесплатен софтвер во зависност од предметот кој се полага.

Согласно одлуката, сите студенти кои немаат или не можат да обезбедат услови за далечинско полагање на испитите во јунската сесија, потребно е треба да ја пополнат и потпишат следната изјава и да ја испратат по е-маил порака до ispiti@finki.ukim.mk за да се организираат услови на факултетот за полагање за нив најдоцна до Сабота, 15.08.2020.