Почитувани студенти,
Согласно инструкции добиени од „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Ве информираме, дека студентите, НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА за пријавите за испити, обрасците за запишување и за заверка на семестар, согласно чл. 92, од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ).
член 92
„Барањата за издавање на управни и реални акти, согласно Законот за општата управна постапка, односно барањата за остварување на заштита на правата и правните интереси на студентите подлежат на административна такса согласно со Законот за административните такси, освен барањата за издавање на оргинал-уверенија и оргинал-дипломи за завршени студии, како и за други дејствија за кои не се плаќа такса согласно со закон.
Пријавите за испит и обрасците за запишување и за заверка на семестар не подлежат на админитративна такса“
Ова известување нема ретроактивно дејство односно за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство стапува на сила од денот на објавувањето на веб страната.
Сите пријави датирани до 28.05.2019 година треба да имаат платено административна такса
28.05.2019 година Од Деканатот