На церемонијата организирана по повод 11-тиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, беа доделени дипломи на околу 800 студенти кои ги завршија студиите од прв и втор циклус на студии во изминатите три години.

Овие 11 години беа исполнети со огромен број настани кои ставија печат не само на потврдувањето на квалитетот на нашата институција и себепромоција дома и во странство, туку и години кои беа исполнети со многу дружење, пријателства, нови авантури и забавни моменти.

5.jpg

2_3.jpg

На свеченоста,се обрати деканот Проф. д-р Иван Чорбев:

Денес сум особено горд и радосен што можам да се обратам по повод единаесеттиот роденден на ФИНКИ.

Со задоволство денес можам да констатирам дека по 11 години ФИНКИ е препознатлив Факултет со огромен интерес за студирање. Оваа учебна година на ФИНКИ се запишаа рекордни 1050 нови студенти, па заедно со постоечките, ФИНКИ има околу 4500 студенти на сите три циклуси на студии. Со тоа ФИНКИ е најголемиот факултет во државата и еден од најголемите во регионот.

Секако да ви се заблагодарам вам драги студенти, кои ни ја давате довербата и можноста заедно да се запознаваме со тајните на науката, да ги развиваме современите технологии и да ја споделиме љубовта кон информатиката. 

3_7.jpg

ФИНКИ е бренд во државата и сигурен сум дека и понатаму ќе остане препознатлив по квалитетот на знаењето кое им го нуди на младите и ќе биде избор на многумина од новите генерации кои допрва ќе влегуваат во светот на академското образование,  истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири

4_1.jpg

Премиерот Ковачевски обраќајќи им се на младите луѓе, упатувајќи им честитки, истакна дека Секторот информатичка и компјутерска технологија во нашата земја во последните години бележи постојан раст во однос на бројот на компании и вработени, раст на извозот и на приходите и дека Владата е насочена кон натамошно подобрување на условите и носење конкретни мерки за работа и раст на оваа индустрија. премиерот Ковачевски им врачи дипломи на дел од студентите кои постигнале врвни резултати и највисок просек во текот на студирањето.

6.jpg

1.jpg

2.jpg

1_5.jpg

 

 

0