Објавено на:
13/03/2025
Почитувани,
Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Промоцијата ќе се одржи во Александар Палас на 28-ми март(петок) со почеток во 12:00 часот.
На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2024 година. Дипломираните и магистрираните студенти треба да пристигнат најдоцна до 11:00 часот поради административни и организациски обврски и со нив задолжително да носат лична карта.
Со почит.