mkd-529940.jpg
 
Проф. д-р Марјан Гушев од ФИНКИ е добитник на новата награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"-Скопје – плакета за пособен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност на Универзитетот. Наградата му е врачена денеска, по повод Светскиот ден на науката за мир и развој, како признание за објавени најголем број научни публикации индексирани во базата на „Web of Science" во изминатата деценија (2011-2020) и придонес за афирмација на Универзитетот во земјата и странство. Наградени се и уште неколкумина истакнати научници.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има континуирана заложба да ја поддржува научноистражувачката работа. Секоја година на Светскиот ден на науката за мир и развој, 10-ти Ноември, се доделува Награда за избор на најдобри научници/уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за покажани врвни резултати во научноистражувачката дејност во текот на календарската година.
Во 2012 година проф. д-р Марјан Гушев беше добитник на наградата за најдобар научник . Дополнително, заради континуираната работа и продолжениот успех во работата, во континуиран подолг период од 10 години, проф. д-р Марјан Гушев од ФИНКИ е добитник и на новата награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"-Скопје – плакета за посебен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност на Универзитетот.  Плакетата му ја врачи ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски. Откако во 2012 година добил награда „Научник на годината", рече дека тоа за него  претставувало голем предизвик и поттик да работи понатаму.
„Се надевам дека на сите научници во државата ќе им биде предизвик да работат напорно бидејќи навистина заслугите се вреднуваат на крај. Да беше ова настан од спортски или музички активности, ќе имаше црвени теписи, луѓе, медиуми итн. Се надевам дека оние што одлучуваат за науката во државава ќе имаат разбирање дека и науката еден ден ќе стигне на високо ниво“, рече Гушев
 

viber_image_2021-11-10_15-36-15-846.jpg

0